Лаос нема доволно капацитети за странските туристи
Властите во Лаос се соочуват со големи проблеми, бидејки искуството од минатата и почетокот на оваа година покажаа дека државата нема капацитети и доволно образован кадар да ги опслужи зголемениот број странски туристи.
Најсиромашната држава во југоисточна Азија лани ја посетиле 4,3 милиони странци, најмногу од Кина и Тајланд, а најголема поплака на туристите била дека хотелите се пребукирани и недоволно удобни и дека нема каде да ги потрошат парите што ги намениле за одмор.
Лаос стана атрактивна дестинација за таканаречената „ средна туристичка категорија’’ посетители, заинтересирани да ги видат културно историските знаменитости и ненарушените природни убавини. Туристите доаѓаат и да го посетат будистичкиот храм во Виентијан каде што во посебен саркофаг се чуваат коските од градниот кош на Буда.
Од туризмот Лаос лани заработил 670 милиони долари, што е осум отсто од БДП-то на државата. Бидејки интересот за посета од странство постојано се зголемува, тамошното Министерство за култура, спорт и туризам е задолжено да направи проекти за изградба на нови хотели. Има проценка дека минатогодишната бројка странци во 2020 година ќе биде двојно поголема, а околу девет милиони странци се 50 отсто повеќе од вкупниот број на жителите.
Ново на Сител
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива