Бизнис
4. March 2016 - 21:13

Лансирани на пазарот првите производи од иновативните старт ап компании

Вклучување и исклучување на бојлерот преку мобилен телефон додека не сте дома, софтверско решение за електронски фактури со кои ќе се олесни работењето на претпријатијата. Ова се само некои од иновативните продукти кои ги лансираа компаниите основани од првиот повик на Фондот за иновации. Од Фондот информираат дека проектите  на 6 стартап претпријатија се веќе достапни на пазарот , а се работи и на обезбедување на дополнителна техничка помош за да се забрза нивниот развој.

Поповска потсети дека за оваа година Фондот има издвоено 2,6 милиони евра со кои ќе се поддржат 25 претпријатија. А наредниот повик се очекува да биде објавен најдоцна до мај.

Лани беа финансирани 33 претпријатија од кои најголем дел беа ИТ стартапи.