-->
-->
„Лакталис“ повлекува храната за бебиња поради салмонела
-->
Целото количество бебешка храна произведена во оваа фабрика во западна Франција кое е пуштено во продажба ќе биде повлечено.
Француската компанија „Лакталис“ ќе го повлече млекото за бебиња произведено во фабриката во градот Краон, откако десетици бебиња заболеа од бактеријата салмонела.
Околу 35 случаи на болеста се регистрирани во Франција, а едно бебе е заболено во Шпанија, додека во Грција се утврдува дали уште едно труење е поврзано со храната произведена во оваа фабрика.
Директорот на францускиот гигант Емануел Бесниер денеска беше повикан во Министерство за финансии на Франција, откако беше обелоденето дека компанијата го криела појавувањето на бактеријата салмонела во една од нејзините фабрики за производство на млеко во прав од која заболеа десетици бебиња.
Министерот за финансии на Франција, Бруно ле Мер денеска информираше дека целото количество бебешка храна произведена во оваа фабрика во западна Франција кое е пуштено во продажба ќе биде повлечено.
- Целта на овој радикален чекор е да се избегне доцнење во одговорот, да не се пребаруваат пратките храна одделно и да се избегне опасноста од човечка грешка - изјави Ле Мер.
Најмалку 35 случаи на заболени бебиња се пријавени во Франција, а од денеска се испитуваат случаи и во други држави. Во Шпанија е пријавен случај на бебе кое заболело од салмонела откако пиело млеко од „Лакталис“, а сличен случај се испитува и во Грција.
„Лакталис“ веќе повлече 12 милиони конзерви со бебешко млеко и храна, но министерот Ле Мер ја обвини компанијата дека дел од овој контингент се уште бил во продажба.
Појавувањето на Бесниер пред француските власти е редок случај човекот познат како „таинствениот милијардер“ да се појави во јавност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците