Фудбал
21. јуни 2017 - 10:53

Лајпциг и Салцбург ќе играат во ЛШ

УЕФА му одобри на вицешампионот на Германија  Лајпциг да игра во Лигата на шампионите оваа сезона откако сопственикот на тој клуб се дистанцира официјално од австрискиот Салцбург. 

Опасноста што постоеше за Лајпциг доаѓаше од фактот што Ред Бул е сопственик на двата клуба на Лајпциг и Салцбург и УЕФА бараше само австријците да играат во Лигата на шампионите. 
Сега Лајпциг ќе игра директно во групната фаза додека Салцбург во јули ќе игра квалификации за ЛШ против подобориот од дуелот Хибернијанс од Малта и Естонскиот Талин.