Балкан
23. March 2017 - 23:54

Лајчак: ЕУ се оддалечува од Западен Балкан

Идниот претседател на Генералното собрание на ОН Мирослав Лајчак оцени дека Европската унија се оддалечува од Западен Балкан, простор што е природен за неа, а дека тоа се повеќе создава фрустрација меѓу тамошното население. 

Од друга страна, тој наведе дека ниту една опција за регионот не претставува реално исполнување на желбите за безбедност, стабилност и економскиот приоритет на граѓаните од Западен Балкан. 

Лајчак, кој е министер за надворешни работи на Словачка, смета дека неостварувањето на европските перспективи генерира национализам, а понатаму и „фрагментација со насилни средства“. 

Тој наведе дека една од последиците би била миграцијата од регионот, како и отворена врата за миграцијата од регионот на Блискиот и Средниот Исток и Африка. 

- Не мислам дека ЕУ, но и Европа во поширока смисла може да си дозволи такво сценарио, нагласи Лајчак во интервју за „Нови магазин“, пренесува Танјуг. 

Идниот претседател на Генералното собрание на ОН истакна дека е потребно да им се дозволи на земјите од Западен Балкан наместо перспектива одредена со фиктивни календари, да се инспирираат со започнати процеси, свој сопствен напредок и соодветно надградување. 

- ЕУ и нејзините институции мораат повторно да пронајдат зеднички јазик со луѓето, со цел да избегнеме бран на популизам и национализам, кои како цунами ги погодуваат земјите во ЕУ, една по друга. Тоа е најголемиот проблем што мора итно да го решиме, нагласи Лајчак, зборувајќи за внатрешните проблеми на Унијата. 

Тој забележал дека постои недостиг на стратешка комуникација меѓу ЕУ и Западен Балкан во поширок контекст и дека е вџашувачки тоа што други актери, со многу помалку вложување, добиваат значаен одѕив на жителите, па и од политичките елити. 

Лајчак оценува дека таа појава е последица на неединството во Унијата, различните погледи на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, често мотивирани од краткорочни, внатрешнополитичките цели, без долгорочна визија и препознатливи стратешки интереси кон ЕУ.