Лајчак: Денешниот договор значи нова надеж и поттик за Македонија
Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, прв од меѓународната заедница го поздрави договорот за ставање крај на политичката криза во Република Македонија, што утринава го постигнаа четворицата политички лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети, заедно со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, европратениците Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, како и европскиот и американскиот амбасадор во земјата, Аиво Орав и Џес Бејли.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Лајчак, кој во рамки на Советот на Европската унија важи за голем поддржувач на Македонија, на својот официјален профил на социјалната мрежа „Твитер” порача дека договорот значи нова надеж и поттик за Република Македонија.
- Денешниот договор значи нова надеж, го поздравувам и истиот дава потребен поттик за Македонија. Сите партии и медијаторите од Европската унија заслужуваат пофалба за нивната посветеност, порача Лајчак на „Твитер”.
Претходно, посредниците Хан, Кукан, Ховит и Вајгл, во заедничко соопштение лиферувано од Европската комисија, побараа македонските политички лидери во брзо време и со добра волја да го спроведат договореното, што предвидува одржување на предвремени парламентарни избори на 24 април 2015 година и дека официјален Брисел со внимание ќе следи како се спроведува договореното.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња