Лагард: Криптовалутите не смеат да станат средство за перење пари
- Владите и централните банки ширум светот мора да соработуваат при изработка на регулативи за криптовалутите, со цел да се спречи тие да станат ново средство за перење пари, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.
Технологијата, која се крие зад криптовалутите, вклучувајќи ја блокчејн-технологијата, нуди возбудливи достигнувања, кои, според Лагард, можат да го зголемат степенот на финансиска инклузија, посебно во земјите со ниски приходи, каде милиони луѓе немаат традиционални банкарски сметки.
- Меѓутоа пред да стигнеме до тоа, потребно е да направиме чекор назад и да ги согледаме опасностите кои доаѓаат со она што го ветува таа технологија, напиша Лагард во својот блог поставен пред состанокот на министрите за финансии од Групата 20, кој ќе се одржи следната недела.
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина