Фудбал
30. April 2017 - 15:11

Лацио го доби „римското дерби“ против Рома

 
 
 Фудбалерите на Лацио се радуваа на победа во големото градско совладувајќи ја Рома со 3-1. 
 
На „римското дерби“ одиграно попладнево на „Олимпико“ два од тртите голови за лациалите ги постигна Сенегалецот, Балде Диао Кеита, првиот во 12.минута, а вториот на пет минути пред крајот (85). Во листата на стрелци се запиша и Србинот, Душан Баста, додека почесниот гол за Рома го постигна Дениеле Де Роси (45) од пенал. 
 
Ова беше првиот од осумте натпревари од 34.коло во Серија А кои се играат денеска. 
 
Во попладневниот термин od 15 часот започнаа средбите: 
Каљари – Пескара, 
Кротоне – Милан, 
Емполи – Сасуоло, 
Џенова – Киево, 
Палермо – Фиорентина и 
Болоња – Удинезе.
 
Колото ќе го комплетираат Интер и Наполи со средбата која ќе се игра вечерва од 20 часот и 45 минути. 
 
Табела: Јувентус 84 бодови, Рома 75, Наполи 71, Лацио 67, Аталанта 64, Милан 58, Интер 56, Фиорентина 55,...