Фудбал
24. May 2017 - 0:18

Квардрадо потпиша за Јувентус до 2020 година

 
Колумбиецот Хуан Квардадо ќе остане во редовите на Јувентус се до 2020 година. Ова и официјално го потврди актуелниот италијански шампион во соопштението објавено на својата интернет страна. 
 
„Јувентус може да потврди дека комплетно го откупи Хуан Квадрадо од Челси. Трансферот ќе чини 20 милиони евра кои ќе бидат платени на три рати почнувајќи од 2017/2018“, стои во соопштението на Јувентус. 
 
28-годишниот Колумбиецот кој изминатите две години во Јувентус настапуваше како позајмен играч од Челзи, оваа сезона настапи вкупно на 40 нашпревраи на кои постигна 3 гола. 
 
Новиот договор на Квардадо со Јувентус че биде со важност до 30 јуни 2020 година.