-->
-->
Квалификации за СП: Македонија гостува кај „црвената фурија“
-->
Македонската фудбалска репрезентација вечер против фаворитот Шпанија ќе се обиде да направи изненадување и за првпат да остане непоразена во квалификациите за Светското првенство 2018.
Селекторот Игор Ангеловски истакна дека верува во тимот и се надева на добра игра.
- Верувам во фудбалерите, ние имаме свои цели и се надевам дека по мечот тие ќе бидат остварени. Формациски нема да се менува ништо во нашата игра, но можни се неколку персонални измени, голман и уште две. Имаме можеби најмлада репрезентација, но тоа не ме плаши, верувам во младите и сигурно некој од нив ќе добие шанса. Во фудбалот битни се поединците, но најбитен е тимот, мора да играме тимски, само така можеме да им се спротивставиме на Шпанците. Можеби мал хендикеп за нив е што не играат некои од стандардните играчи, но тоа не мора да биде пресудно, бидејќи имаат широк избор на квалитетни фудбалери, истакна Ангеловски.
Натпреварот Шпанија – Македонија е во рамките на 4.коло од групата Г и ќе се игра вечерва од 20 часот и 45 минути на „Лос Карменес“ во Гранада. Во истиот термин од оваа група се среќаваат: Лихтенштајн – Италија и Албанија – Израел.
Табела по три рунди: Шпанија 7 бодови, Италија 7, Албанија 6, Израел 6, Македонија 0, Лихтенштајн 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка