Ракомет
9. April 2016 - 10:13

Квалификации за ОИ: Данска ја победи Хрватска

 
 
  И додека вниманието на македонска спортска јавност, е насочено кон Гдањск, каде нашите ракометари бркаат пласман на Олимписки турнир во Рио, во Хернинг и Малме се играат натпреварите од другите две квалификациски групи.
 
Во рамките на третата група чии натпревари се играат во  данскиот град Хернинг, домаќинот Данска ја победи селекцијата на Хрватска со 28:24. Вториот натпревар од оваа група Норвешка го победи аутсајдерот Бахреин со 35:29. 
 
Денеска на програмата е второто коло, а двојките се, Хрватска – Бахреин и Данска – Норвешка. 
 
Во група 2 чии средби се играат во Малме, селекцијата на Словенија ја изненади и победи Шпанија со 24:21, додека домаќинот Шведска славеше очекувана победа над Иран со 34:19. 
 
Денеска во оваа група ќе играат, Шпанија – Иран и Словенија – Шведска.