Ракомет
10. April 2016 - 11:12

Квалификации за ОИ: Данска и Полска му се приклучија на Тунис

 
 
 
 
– Ракометарите на Данска и Полска му се приклучија на Тунис како втора и трета селекција која обезбедија пласман на Олимписките игри во Рио преку квалификациите.
 
Полљаците очекувано ја совладаа селекцијата на Чиле со 35-27 и ја забележаа втората победа во групата 1 од која претходно пласман обезбеди Тунис со триумфот над Македонија 32-26.
 
Во рамките на третата група чии натпревари се играат во  данскиот град Хернинг, домаќинот Данска одигра мирољубиво 25-25 со Норвешка по што Данците на коло до крајот имаат недостиќни три бодови, па денешниот меч со Бахреин за нив ќе биде чиста формалност, додека Хрватска и Норвешка во директен дуел ќе решаваат кој ќе патува за Рио. 
 
Последното коло ќе реши кои две селекции од група 2 чии средби се играат во Малме, ќе обезбедат место на ОИ. 
 
Домаќонот Шведска синоќа славеше победа над Словенија со 24-23, а Шпанија го победи убедливо Иран со 37-23. Швеѓаните сега имаат две победи, а Словенија и Шпанија по една, но со оглед на тоа дека Словенците важат за фаворити во дуелот со Иран, за очекување е дуелот меѓу Шпанија и Шведска директно да решава за вториот патник од оваа група. ИТ/