-->
-->
Квалификации ОИ: Словенија ја изненади Шпанија
-->
Ракометарите на Словенија направија големо изненадување со победата над Шпанија на стартот од квалификациите за Олимписките игри во Рио летово.
Во првиот меч до квалификациската група 2, чии средби се играат во шведскиот град Малме, селекцијата на Словенија ја изненади и победи Шпанија со 24:21.
Иако Словенците по првиот дел имаа негатива од 4 гола разлика (12:16), сепак со неверојатната цврста игра во одбраната во вториот дел на Шпанците им дозволија да постигнат само 5 голови, а на спротивната страна предводени од Доленец и Маргуч да реализираат 12, за на крајот да остварат триумф со конечни 24:21.
Јуре Доленец со 6 и Гаспер Маргуч со 5 голови беа творци на победата на Словенија, која утре ќе игра против домаќинот Шведска, репрезентација која својот прв квалификациски меч го има вечерва и тоа во дуел со аутсајдерот Иран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење