Фудбал
19. March 2017 - 18:42

Квадрадо му донесе победа на Јувентус

 Со голот на Колумбиецот, Хуан Квадрадо уште во седмата минута од натпреварот актуелниот шампион и лидер на табелата во Серија А, екипата на Јувентус забележа минимална победа од 1-0 во дуелот против Сампдорија. 
 
На останатите натпревари од 28.коло одиграни попладнево беа постигнати овие резултати: Кротоне – Фиорентина 0-1, Каљари – Лацио 0-0, Болоња – Киево 4-1 и Аталанта – Пескара 3-0. 
 
На натпреварите одиграни претходно, Емполи – Наполи 2-3, Торино – Интер 2-2 и Милан – Џенова 1-0. 
 
Од оваа рунда остануваат да се одиграат уште два натпревари, Удинезе – Палермо (18 часот) и Рома – Сасуоло (20:45 часот).
 
Табела: Јувентус 73 бода, Наполи 63, Рома 62 (-1 натпревар помалку), Лацио 57, Интер 55, Аталанта 55, Милан 53,...