-->
-->
Кузмиќ плачејќи во количка го напушти теренот
-->
Новото засилување на Реал Мадрид, српскиот репрезентативец Огњен Кузмиќ поради повреда предвреме го заврши синоќешниот меч во кој „кралевите“ ја победија ЦСКА.
Високиот центар на Реал, при еден дуел со Отело Хантер лошо доскокна на ногата, при што го повредил коленото. По лекарската интервенција, Кузмиќ во количка веднаш беше го напушти теренот.
Тој требаше да биде големо засилување за Реал во новата сезона не само во Евролигата туку и во првенството на Шпанија, во која мадридскиот тим ќе се обиде да се врати на победничките патеки.
Но, дали тренерот Пабло Ласо ќе може да смета на Кузмиќ во брзо време останува да се види, и да се сочекаат анализите на лекарскиот тим по што ќе се знае сериозноста на повредата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени