Loading Video...
Ракомет
24. November 2017 - 11:47

Кузмановски: Ќе се бориме до крај да го изненадиме Мотор

Македонскиот ракометен вицешампион, Металург утре ќе го пречека тимот на Мотор Запорожје, во последниот меч во Лигата на шампионите пред домашната публика. 
 
Филип Кузмановски еден од најистакнатите поединци во редовите на металург најавува голема борба и атак на бодовите на дуелот со Мотор Запорожје во рамките на 9. коло на групната фаза на Лигата на шампионите.
 
„Тие се силна екипа која овде доаѓа да не победи. Но, ние секако нема да се предадеме. Ние сме млад тим кој од натпревар во натпревар растеме како  играчи. Ветувам голема борба и дека ќе дадеме се од себе да оствариме позитивен резултат. Ја повикувам публиката да не бодри и на овој меч“, изјави Кузмановски 
 
Мечот меѓу Металург и Мотор Запорожје ќе се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“.со почеток од 17.30 часот,