Свет
29. December 2015 - 11:40

Кувајт ќе испрати копнени сили во Јемен

Кувајтските власти одлучија да испратат копнени сили во Саудиска Арабија кои ќе учествуваат во војната во Јемен меѓу коалицијата предводена од Ријад и проирански шиитски бунтовници Хути.

Досега Кувајт учествуваше во јеменската војна со воено воздухопловни сили.

Весникот „Кабас“ повикувајќи се на неименуван владин извор наведува дека следната недела ќе бидат испратени кувајтските копнени сили  во Саудиска Арабија од каде ќе бидат прераспопредени во Јемен.

Од крајот на март арапската коалиција почна со напади врз Јемен, а потоа почна и копнени операции против Хутите во поддршка на меѓунардоно признатата Влада.