Македонија
10. January 2016 - 18:29

Курир: СДСМ во очај повторно подготвува насилни сценарија

Најголемата опозициска партија СДСМ, во очај повторно подготвува насилни сценарија, пишува порталот Курир.

Џељо Хоџиќ кој е дел од телата на партијата а во исто време работи и во организации на фондацијата СОРОС, разочаран од изборот на Тони Науновски во комисијата за заштита од дискриминација, на својот фејсбук профил најави дека ќе се пресметува со безбол палка.

 – Кога не можеме да ја решиме “демократијава” по Груевски, гасете се останато. Овде веќе освен земање правда во свои раце не помага ништо друго. Деновиве си купувам безбол палица и на мирни протести више не одам, напиша Хиџиќ.

Според Курир, очигледно е дека во СДСМ подготвуваат вакво сценарио затоа што сигурно ќе се соочат со пораз на априлските избори.

Ваквото делување не е нова практика кај СДСМ. Во мај минатата година нивните демонстранти повредија четриесетина полициски службеници непосредно пред кумановските настани.

Тогаш протестите не ги водеше Џељо Хоџиќ туку Бошко Јосимовски викан Црвен. За насилството, Јосимовски беше осуден на 2 години и четири месеци затворска казна.

Според Курир, очигледно е дека бомбите на СДСМ не го дале посакуваниот ефект, сите релевантни анкети покажаа слаб рејтинг на СДСМ – па ваквото насилно сценарио е единствен одговор на сите неуспеси на партијата.