Македонија
6. October 2015 - 17:00

Курир: СДСМ незаконски се финансира од фирмите на Заев

Скандалозно признание на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој на вчерашната прес конференција призна дека СДСМ се финансира со црни пари од фирмите на Заеви, пишува порталот курир.

-СДСМ се финансира од својата чланарина, од парите кои ги добиваме од годишното финансирање согласно закон и фирми многу блиски до Заев, кои секако најмногу спаѓаат фирмите на Заеви, истакна Заев.

Ако изјавата на Заев се земе како вистина, тогаш е јасно дека фирмите на неговата фамилија ја финансирале СДСМ со “црни” пари кои не биле пријвувани никаде и не биле уредно трансферирани на трансакциската сметка на СДСМ.

Во финансиските извештаи на СДСМ кои се потпишани од генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, нигде не стои дека некоја фирмите на Заеви донирала пари во партијата. Што според Курир е трансферирање на пари во кеш и затајување данок што само посебе е кривично дело.

Во изминатите години избија низа скандали за општински тендери во Струмица кои се делеле на фирмите на Заеви. Курир прашува дали СДСМ се финансира од парите на граѓаните кои одат во фирмите на Заеви а подоцна, на црно во кеш во касата на СДСМ?