Македонија
21. January 2017 - 16:13

Kурир: Eдмонд Aдеми од СДСМ со говор на омраза - Трамп е конфликтна личност

Еден од водечките луѓе на СДСМ, Едмонд Адеми за Трамп вели дека е конфликтна личност со дезинтегрирачки ставови, склон кон навреди, комуникација на најниско можно ниво, неинформиран и површен, пишува Курир.

Првиот коментар на статусот на Адеми доаѓа од Мухамед Халили, кој исто така е поддржувач на СДСМ, кој меѓудругото се  закани со војна и повторување на 2001 година, во статус на својот профил, стои во текстот на Курир.

Да им кажам дека во 2001 година Републиканци беа на власт и Трамп го заболе за Македонија или да ги оставам уште да се бламираат, напиша тој.

Курир пишува дека под сликата од македонската дијаспора, неговиот пријател Гоце Велески од СДСМ за македонските иселеници вели:

„Сите овие заслужуваат да бидат направени сапун“, на што Мухамед Халили одговара:

„Да нема трага од нив, никаков вид.“

Кон овие оценки за Трамп се придружува и Синоличка Трпкова, долгогодишен поддржувач на СДСМ.