Македонија
6. January 2016 - 16:57

Курир: ДИК станува општинска организација на СДСМ

ДИК се претвора во општинска организација на СДСМ, пишува “Курир”.

Според порталот, „митингаш и класичен партиски војник“, се двете најчести квалификации кои ги дале како опис за новоизбраниот генерален секретар на ДИК Добре Јанчев, голем број на членови и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на професионалната кариера или какви било посериозни достигнувања Јанчев е прилично непознат.

Курир пиушува дека дури и во партиската структура на СДСМ, новоизбраниот генерален секретар е во сенка на неговата сопруга која е координатор на советничката група во општина Аеродром.

Истата фигурира и како координатор на Форумот на жени на СДСМ за првата изборна единица. Во своите јавни настапи сопругата на новиот генерален секретар на ДИК не пропушта прилика со жестоки навреди да го дискредитира ВМРО ДПМНЕ.

Досега нејзиниот сопруг, секаде ја придружуваше на митинзите на СДСМ. Двајцата беа и меѓу камперите кои пред Владата ги исполнуваа инструкциите на Зоран Заев.

Новиот генерален секретар на ДИК е член на Фејсбук групата „СДСМ тргнува во конечна победа“, а со сопругата се меѓу позабележаните на фотографиите од протестите на таканаречените „Граѓани за Македонија“.

Негови пријатели на Фејсбук се и Фросина Ременски и другите функционери на СДСМ.

Според сознанијата на “Курир”, професионализмот на новиот генерален секретар е во голема мера запоставен за сметка на партискиот активизам, иако законот вели „Генералниот секретар ја врши својата работа професионално“.

Ваквото однесување е недозволиво за актуелната состојба и новиот состав на ДИК кој треба да овозможи услови за одржување на фер и демократски избори.