Македонија
18. јуни 2016 - 16:19

Курир: Безидејниот Заев купува 10 години стари сараевски фори

– Телевизија Хајат,  БиХ (2006) - Во рубриката “Ало Централен“ одговорите на прашањето: Што мислите за Шарената револуција? Ја одобрувате ли? Кои средства се дозволени како одговор на општествената криза?

Многуммина ќе помислат дека ова прашање се однесува на акуелните случувања во Македонија, сепак ова е прашање кое босанската телевизизија „Хајат“ им го поставува на своите гледачи уште пред 10 години, за време на „шарената револуција“ во Сараево. Во главниот град на Босна и Херцеговина тогаш се одвиваше истата операција во која таканаречените активисти со боја фрлаа на државните институции.

– Телевизија Хајат, БиХ (2006) -Е ова е шарена револуција, сега почнува оваа шарена револуција, велат две млади момчиња.

Порталот “Курир“ пишува дека во недостиг на идеи, Опозицискиот лидер Зоран Заев, од Српската агенција “Канвас“ купил идеја за шарена револуција која во 2006-тата безуспешно се одвивала во Сараево кога неколкумина таканаречени граѓански активисти под палката на “Канвас“ фрлале со боја на зградата на претседателството на Босна и Херцеговина.

Порталот анализира дека од СДСМ велат дека шарената револуција е уникатна и спонтана, но крадењето на идејата потврдува дека тука нема ништо спонтано затоа што сценариото е скоро исто како она што се случувало во Сараево.

Од “Курир“ уловиле уште една акција на Канвас. Тоа е истурањето на крв во фонтаната на плоштадот која требаше да ја симболизира крфта на Мартин Нешковски. Иста ваква акција, српската агенција за организирање преврати реализираше во Сирија кога ги подржуваше радикалните исламисти кои истураа црвена боја во фонтаните за да ја симболизираат крвта која ја пролеал режимот на Башар Ал Асад.

Во последниот период во јавноста излегоа докази дека на протестите на шарената револуција присуствуваат инструктори на оваа агенција која поради нелегалните активности е забранета во неколку светски земји. Курир пишува дека Канвас ја припремал шарената револуција уште пред две години кога имало обуки за опозициските активисти.

Агенцијата Канвас и нејзиниот директор Срѓа Поповиќ се на црна листа во многу земји затоа што не ни кријат дека за пари организираат насилни преврати.