Свет
23. February 2018 - 20:46

Курц му се закани на Џорџ Сорос: Имаш 28 дена да си одиш од Австрија!

Најмладиот лидер во светот, новоизбраниот австриски премиер Себастијан Курц, го известил Џорџ Сорос дека неговата организација „Отворено општество“ има 28 дена да престане со работа и да се откаже од операциите во Австрија или во спротивно ќе се соочи со тужби за обид за поткопување на австриската демократија.

31-годишниот Себастијан Курц, најмладиот лидер во Австрија, изјавил пред колегите дека акциите мора итно да прекинат по неодамнешните вести во јавноста дека Џорџ Сорос донирал 18 милијарди долари од вкупното богатство од 24 милијарди долари од својата организација „Отворено општество“.

„Ситуацијата станала критична“, изјавил Курц.

„Сорос вложил сè што имал за да си ја истурка глобалната контрола. Дезинформациите и манипулациите на медиумите се зголемија експоненцијално прекуноќ. Немаме простор за задоволство“.

Курц, кој себеси се опишал како човек од збор, вели дека тој е човекот што го зел црвеното апче и тврди дека тој ја разбира програмата на Џорџ Сорос и дека нема да дозволи неговата земја да биде петтата жртва на Сорос.

Разбирливо е дека австрискиот канцелар мисли на бројот на националните економии што Сорос ги срушил за да добие огромен личен профит и политичко влијание.

На прашањето зошто ја забранува работата на институцијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос, Курц изјави:

„Затоа што е 2018 година“.

Веста дека Сорос донирал 75 отсто од својот огромен капитал за да ја протурка својата политичка и социјална агенда предизвика шок во светот, а многумина демократски избрани лидери се плашат дека неговите милијарди се користат за купување политичари и новинари.

Курц се согласува. Тоа е причината зошто го презел овој чекор.

„Сорос е најголемиот предизвик со кој човештвото се соочува во светот во 2017 година. Тој е голема вампирска лигња замотана околу лицето на човештвото, немилосрдно држејќи ја својата крвава инка во што било што мириса на пари користејќи ги за корумпирање на политичарите, новинарите и јавниот сектор обидувајќи се да создаде свој свет“.

„Луѓето од Австрија го отфрлија новиот светски поредок и моја должност и моја привилегија е да ја спроведам нивната волја“.

Сето ова не зачудува со оглед на тоа дека унгарскиот премиер Виктор Орбан го претстави планот на Џорџ Сорос, кој има цел во Европа да влезат милиони имигранти.