Свет
23. July 2017 - 14:16

Курц бара прекин на преговорите за членство на Турција во ЕУ

Шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“ изјави дека Брисел треба да заземе појасен став во однос на Турција, која се повеќе се дистанцира од Европската унија.

- Мојата прогноза е дека Турција ќе се оддалечува од Европа се оствари, посочи Курц додавајќи дека ќе продолжи да се залага за прекин на преговорите за членство на Турција во Европска унија.

Тој наведе дека наместо да и се предлага членство на Турција во ЕУ, Брисел треба да заземе појасен став кон Анкара и да се стреми единствено кон нормална соработка со неа.

- Ние не можеме да дозволиме да бидеме зависни од Турција, потенцира Курц.

Тој, исто така, ги осуди масовните откази и апсења во Турција по минатогодишниот неуспешен воен удар.