Македонија
12. February 2016 - 16:29

Курц: Австрија ги затвора границите, подгответе се да го спречите движењето на бегалците кон Европа

Австрија за неколку месеци ќе ја затвори границата за мигранти бидејќи ќе го исполни лимитот од 37.500 примени бегалци за 2016 година. Шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц упати предупредување до Македонија да биде подготвена за тој чекор.

Министерот Попоски изјави дека земјава е подготвена на таков развој на настаните и веќе преземала мерки за спречување на илегалните мигранти и регистрирање само на основаните баратели на азил.

Проблемот со одбивањето на Грција да прифати воена и полициска помош им создава дополнителен проблем на земјите од Унијата. Оттаму, за двајцата министри не е спорна најавата за испраќање и австриски војници со опрема на југот на земјава кои би учествувале во контролата и обезбедување на границата во справувањето со мигрантскиот бран исклучиво под команда на македонскиоте власти.

Инаку, шефот на австриската дипломатија не ја исклучува и потребата од отворање дополнителни прифатни центри, како во Грција така и во Македонија во кои бегалците ќе се задржат до моментот на тргнување кон нивните крајни дестинации, но тоа ќе зависи од политиките на самите земји и од бројот на пристигнати мигранти.