Кошарка
19. February 2018 - 9:30

Купот за МЗТ Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје се освојувачи на македонскиот куп откако во салата Јасмин во Кавадарци славеа против големиот ривал Работнички и ја освоија 9. титула.
Работнички – МЗТ Скопје 67:76 (14-17: 17-16; 17-21; 19-22).
Одличен меч одигра репрезентативното трио Стојановски-Трајковски-Соколов по што противникот го призна поразот од актуелниот првак.
Трајковски и Стојановски го завршија мечот со по 21 поен, додека 20 постигна Соколов.