Фудбал
30. September 2015 - 18:51

Куп на Македонија: Вардар убедлив против Пелистер

 

Во дербито од осминафиналната рунда на фудбалскиот Куп на Македонија  одиграно попладнево на арената „Филип Втори’’ фудбалерите на Вардар славеа убедлива победа со 4:1 над Пелистер.

Уште по првиот дел беше јасно дека црвено-црните ќе се радуваат на триумф, откако го добија првото полувреме со 3:0, со головите кои ги постигнаа Артак Дашјан (20-минута), Дарко Велковски (25) и Хофханес Хамбарџумијан (44).

Во вториот дел, битолчани со евроголот на Недановски во 52-минута намалија на 3:1, но веќе во 64-минута, Бобан Грнчаров го постигна четвртиот гол за домаќините, за конечни Вардар – Пелистер 4:1.

На останатите натпревари беа постигнати овие резултати:
Ренова - Силекс 1:2 
Шкендија - Металург 2:0
Македонија ЃП - Љубанци 3:2
Велазерими - Младост 2:4 
Гостивар - Работнички 0:4
Хоризонт Т. - Скопје 3:1
Брегалница - Шкупи 2:0