Фудбал
22. јуни 2017 - 20:24

Куп на Конфедерации: Камерун - Австралија 1-1

Првиот натпревар од 2.коло од групата Б на Купот на конфедерациите одигран попладнево меѓу Камерун и Австралија заврши без победник 1:1. За двете селекции е прв бод во групата, додека Чиле и Германија имаат по 3.
Камерун поведе во финишот на првиот дел со голот на Андре Франк Замбо Ангуиса во 45+1 минута, а голот за изедначување го постигна Марк Милиган во 60.минута од пенал. 
Во вториот натпревар од групата Б што е во тек играат Германија и Чиле.
Утре на Купот на конфедерации е слободен ден, а на 24.јуни се играат дуелите од 3.коло од А групата: Мексико – Русија и Нов Зеланд – Португалија. Во групата А Мексико и Португалија имаат по 4 бодови, Русија 3, а Нов Зеланд е без бод.