Фудбал
20. January 2017 - 11:00

Куп на Африка: Сенегал прв четврфиналист, Алжир пред елиминација

Фудбалерите на Сенегал се првиот 1/4 финалист на Купот на нациите на Африка откако го совладаа Зимбабве со 2-0. 

Во доминантна игра головите за оваа селекција ги постигнаа Мане од Ливерпул и Хенри Саивет. 
Нешто порано Алжир во дербито загуби од Тунис со 2-1 и останува на бод во групата со големи шанси да биде елиминиран.
Лидер е Сенегал со 6, Тунис 3 и Алжир и Зимбабве по 1 бод. 
Во последното коло играат Сенегал Алжир и Тунис против Зимбабве.
https://