Балкан
14. December 2017 - 12:26

Куочи: Трансформацијата на косовските сили во војска е политичко прашање

Командантот на КФОР, Салваторе Куочи изјави дека трансформацијата на Косовските безбедносни сили во Вооружани сили на Косово е политичко прашање, кое треба да биде решено согласно Уставот.

- Ние не сме против оваа трансформација, мислиме дека трансформацијата е политичка одлука која земјата и нејзините институции треба да ја преземат. Наша желба е одлуката да биде донесена во рамки на Уставот, бидејќи тоа е многу важно и мислам дека тоа е единствениот начин за да се случи, изјави Куочи за приштинска „Коха“.

Тој ги пофали косовските власти за нивната посветеност во борбата против екстремизмот и додаде дека во случај на немири во земјата, КФОР има планови да им помогне на косовските институции да се соочат со каков и да е проблем.

Куочи оцени дека регионот е подготвен за мир, како и дека КФОР и НАТО мора да утврдат дали присуството на Русија, превенствено во Србија, надвор од хуманитарните активности.