Балкан
24. October 2017 - 10:29

Кумата му даде на Зоран алиби: Вака изгледал последниот ден од животот на Јелена

Кумата на семејството Марјановиќ Вера Вукомановиќ која практично живеела со нив во Борча во својот исказ детално говорела за саботата  на 2. април, последниот ден на покојната Јелена. 
 
- Дојдов тоа утро во куќата на Марјановиќ тие ми се како семејство. Зорица беше  будна, а сите останати спиеја. Се сеќавам дека го пробудивме Урош  бидејќи тој ден требаше да полага за возење. Урош се врати во 13.10 знам бидјеќи случајно погледнав во саатот, беше среќен што ќе положил. Јелена рече дека треба сите да го частиме... 
 
Вака кумата Вукомановиќ ја започнува приказната од денот во кој на мистериозен начин е убиена Јелена Марејановиќ.
 
Во најновите број на српски Курир, таа раскажува како изгледал последниот ден на пејачката  и што се случувало во таа куќа ма тој кобен ден.