Македонија
20. November 2017 - 14:48

Кумановскиот центар за вработување ги повика невработените да се пријават за бесплатни возачки обуки

Невработените лица до четврток имаат можност да аплицираат за обука за возачи Ц, Д и Ц+Е категорија, во рамки на мерките кои што ги спроведува Агенцијата за вработување, а се дел од оперативниот план на Владата. Од Центарот за вработување Куманово, денеска ги повикаа невработените лица, на возраст над 24 години да се пријават во работниот клуб во Центарот за вработување и да ги проследат овие обуки.

- За време на обуката е предвидено кандидатите да го поминат теоретскиот и практичниот дел и да се стекнат со соодветни дозволи. Обуката е бесплатна ќе се спроведува кај лиценцирани обучувачи. Послаб е интересот за Д категорија, за да може невработените лица да се пријават за оваа категиоруијата, треба да поседуваат важечка дозвола, за Ц категорија минимум две години и да се на возраст на 24 години“, изјави в.д. раководителот на Центарот за вработување, Марија Димитровска.

Таа посочи дека во тек се и други активни огласи кои се однесуваат на поддршка на растот на микро мали и средни претпријатија, при што се дава финансиска и советодавна поддршка, односно директен грант, или неповратни средства наменети за опрема, репроматеријали за создавање нови работни места.

- Имаме оглас што се однесува за млади до 29 години и тука поддршката е 153.750 илјади денари а се поддржува отворање до пет нови работни места. Меѓутоа имаме и огласи со кои се отвораат нови работни места и за лицата постари од 29 години тука грантот е 92.000 денари, а исто така имаме и оглас за создавање на нови работни места без оглед на возраста, изјави Димитријевска.

Активен е и огласот за мерката самовработување или популарно наречен старт ап бизниси, кој се однесува за младите до 29 години, кои сакаат да го решат својот проблем со вработување преку отворање на сопствен бизнис.

Агенцијата за вработување преку оваа мерка доделува неповратни средства во висина од 307.500, а може и две лица кои имаат слична бизнис идеа, да се здружат, формираат друштво со ограничена одговорност, при што добиваат 615.000 денари.