Кошарка
22. March 2017 - 9:45

Куманово против Пеќ во првиот 1/2-финален дуел во БИБЛ лигата

Кошарите на Куманово вечеденеска ќе го играат приот полуфинален натпревра против косовскиот тим Пеќ во рамките на регионалната Балканска лига (БИБЛ).
 
Пеќ е тимот кој во 1/4-финалето го елиминира Кожув, а кумановци сезонава веќе одиграа два меча протоив денешниот противник. 
 
Имено вовтората фаза од ова натпревраување, Пеќ го доби првиот дуел со Куманово со 85-68, додека во Куманово нашиот тим победи со 80-76.
 
Вечерашниот натпревр ќе започне во терминот од 19 часот. 
 
Вчера се одигра првиот меч од полуфиналната пресметка меѓу црногорскиот Теодо и бугарскиот тим Берое во кој гостите победија со 78-69.