Македонија
3. January 2017 - 16:52

Куманово најзагаден град во Македонија и во Европа со пм10 честички

Куманово синоќа беше најзагаден град во Европа. Мерењето на загаденоста на воздухот покажа дека концентрацијата на ПМ 10 честичките, наместо до 50 микрограми изнесуваше 641 на метар кубен. И утринава оваа општина беше лидер во загаденост во државата, со 284 микрограми на метар кубен. Постарите кумановци велат дека стравуваат за своето здравје и никогаш не помислувале дека нивниот град ќе биде најзагаден.

-Се чувствува загаденоста како во облак да сме. Се должи од многу нешта, греење, издувни гасови-вели еден граѓанин.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа градоначалникот итно да преземе конкретни мерки со цел да се намали загаденоста. Од таму обвинија дека досега не било направно ништо, бидејќи во спротивно Куманово немаше да биде лидер во загадување.

-Сведоци бевме дека СДСМ во изборната кампања ветуваше мерки со кои ќе ја намали загаденоста. Се поставува прашањето зошто во општина со која раководи СДСМ не се преземале овие мерки. Бараме од градоначалникот на општина Куманово, во најкраток можен рок да преземе конкретни мерки за итно намалување на загаденоста-посочи Христина Краиновиќ од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски посочи дека изминативе години презеле дологорични мерки за справување со загаденоста, преку воведување гасификација. Додаде дека веќе работат на други мерки за намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух.

- Куманово овие денови ги разгледува оперативните планови за прскање на улици со ацетатот, калиум магнезиум ацетат кој на некој начин дава ублажување на загадувањето особено од издувните гасови на возила. Меѓутоа набавката е еден подолготраен проек екипа од општината е веќе во наоѓање начин за набавка, бидејќи за тоа се потребни посебни возила.

Дамјановски се надева дека Владата наскоро ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот и намалување на увоз на возила кои не ги исполнуваат еко стандардите.