Кошарка
11. November 2015 - 14:51

Куманово денеска игра против Роса Радом

 
Кошаркарите на Куманово денеска од 18:30 ќе го играат третиот натпреварот од ФИБА Еврокупот против полскиот претставник Роса Радом.
 
По слабиот старт на Еврокупот и убедливиот пораз во Турција, кошаркарите од македонскиот вицепрвак ќе имаат шанса да го повторат успехот од последниот меч против финскиот шампион КТП Баскет со 88-78.

И двете екипи во вечерашниот дуел влегхуваат со половичен ефект по првите два меча, односн, имаат по една победа и еден пораз и го делат второто место на табелата во „Ј’’ групата со по три бода. Потсетување, дека понатамошен пласман ќе изборат двете провласирани екипи.

 
Натпреварот меѓу Роса Радом и Куманово кој е во рамките од 3.коло ќе започне во 18.30 часот.