Кумановец лани заработил фантастични 1,26 милиони евра на Интернет
Kумановец лани од работа преку интернет заработил фантастични 1,26 милион евра и платил данок по основа на дополнителниот приход од 126.000 евра, пишува Дневник. Негов сограѓанин, пак, за 2014 година пријавил дополнителен приход од работа преку интернет од 103.000 евра и и платил 10.300 евра данок на државата. Овие двајца кумановци се рекордери по интернет-заработувачка за изминатите две години кои влегле во системот на Управата за јавни приходи. Kолку заработувале и избегале од системот ќе покаже времето или пријавата за неплатен данок кога ќе ги открие УЈП. Што работеле на интернет за толку да се опарат, не знае ни Управата, но не ја ни интересира бидејќи регуларно си платиле данок. „Дневник“ пишуваше дека регионот во последно време го зафати масовна треска на нови и нови страници што нудат заработка преку интернет. А веќе има и такви со целосно македонски превод на сите постапки за регистрација. Но, никој не испитал колку од овие понуди се реални, колку фиктивни, а колку пирамидални, односно ве намамуваат да вложите некој долар, може да заработувате на почетокот додека балонот не прсне и вложувачите изгорат. Искуствата се различни, барем по она што го коментираат Македонците на форумите. Има такви што тврдат дека заработуваат и дека секој месец им легнува исплата, но и такви што се категорични дека с` е лажн
Ново на Сител
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште