Живот
16. March 2016 - 15:31

Куче спаси живот на дете, ја разбудил мајката кога му паднало нивото на шеќер во крвта

Било тоа сред ноќ, алармот на часовникот не заѕвонел па Дори Нутал не го проверила нивото на шеќер во крвта на својот 7-годишен син, дијабетичар. Ситуацијата набрзо станала многу опасна по животот на малото момче, но сепак очите на нивното куче, црниот лабрадор Једи останале будни. 
 
Једи почуствувал дека нешто не е во ред со Лука и скокнал на креветот на неговата мајка Дори. Легнал врз нејзе и почнал да лае додека не се разбудила. Таа се разбудила, веднаш земала примерок од крвта и открила дека нивото на шеќер во крвта му е на многу ниско ниво.
 
"Иако Лука спиеше покрај мене, не знаев дека нивото на шеќер му е толку ниско и дека животот му е загрозен. Да не беше Једи, се плашам да помислам како би можело да заврши", напишала под потографијата, заблагодарувајќи се на Једи.
 
 
Во нивното семејство никој нема дијабетес, па Дори сеуште учи како да го држи под контрола нивото на шеќер во крвта на Лука.  Једи е куче трагач, но не оној вид кој трага по криминалци, туку за да препознае специфичен мирис кога шеќерот во крвта ќе падне или се зголеми на опасно ниво.
 
Дресиран е во таквите моменти да реагира така што на Дори ќе и однесе посебна играчка.
 
Доколку нивото е ниско, Једи легнува и ја спушта играчката на тлото, доколку е високо нивото тој мавта со играчката.
 
"Реакциите на Једи му помагаат на Лука во многуте проблеми. Покрај тоа, Лука не се чуствува осамено. Тие се најдобри пријатели", рекла Нутал.