Свет
22. December 2017 - 8:31

Кубанскиот претседател Раул Кастро ќе се повлече во април 2018 година

Кубанскиот претседател Раул Кастро синоќа соопшти дека во април 2018 година ќе се повлече од функцијата.

Раул Кастро (86) претходно најавуваше дека ќе се повлече во февруари, но одлуката беше одложена поради штетата предизвикана од ураганот Ирма. 

- Мојот втор и последен мандат заврши. Куба ќе има нов претседател, изјави Раул Кастро.

Се очекува владејачката Комунистичката партија на Куба да го избере Мигуел Диаз Канел за нов претседател на државата. Со тоа првпат по 1959 година Куба ќе добие лидер кој не е од семејството Кастро

Американскиот претседател Доналд Трамп уште за време на митинг во јуни ја поздрави најавата на Раул Кастро дека ќе се повлече од функцијата, алудирајќи дека тоа се должи на притисокот од страна на неговата Администрација.

Администрацијата на претходниот претседател на САД, Барак Обама значително ги ублажи санкциите кон Куба, но Трамп најави заострување на курсот кон островот.