Македонија
26. August 2016 - 15:43

Ксидакис: Проблемот меѓу Атина и Скопје е заеднички проблем

Грчкиот заменик министер за надворешни работи Никос Ксидакис денеска изјави дека климата во однисте меѓу Скопје и Атина постојано се подобрува.

- Мислам дека проблемот меѓу Атина и Скопје е заеднички проблем. Тие треба да го скршат мразот и да го решат недоразбирањето, изјави Kсидакис за првата програма на државното радио.

Тој исто така доаде дека „со цел да ги исполни критериумите за членство, кои се многу и тешки, Скопје ќе мора да помине долг пат, а Грција ќе го помага европскиот курс на земјата“.