Македонија
18. August 2016 - 16:33

Крводарителска акција во Археолошкиот музеј на Македонија

Ова  е прва ваква акција во Археолошкиот музеј , а поттикната е во знак на солидарност за настраданите од поплавите во Скопскиот и Тетовскиот регион истакна директорката Весела Честоева.

Во акцијата масовно се вклучија граѓаните , но  и вработените во Археолошкиот музеј.

Организатори на крводарителската  акција се Археолошкиот музеј  и Црвениот крст на Македонија.