Македонија
23. November 2017 - 14:08

Крвава тепачка во позната скопска кафеана, четворица на еден, со клоци и тупаници

Рано утрово во 04,30 часот А.И.(21) пријавил дека истиот ден околу 02,40 часот на ул.“Димитрија Чуповски“ во угостителски објект бил физички нападнат од страна на четири непознати лица.
 
Според пријавителот, прво едно од лицата го турнало на земја и го удрило, а потоа откако бил на подот сите четворица започнале да го удираат со клоци и тупаници во пределот на целото тело. Притоа нанесени му се видливи повреди во вид на црвенило и оток на главата заради што му била укажана лекарска помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ а од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди.
 
Се работи на целосно расчистување на случајот.