Македонија
27. January 2016 - 13:42

Крвава тепачка во Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М. (38), Б.Т. (32) и М.Б. (31), сите од Куманово вработени во агенција за обезбедување, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 26 декември минатата година, пријавените вршеле обезбедување на ноќен бар во Куманово. Околу 10 минути по полноќ В.Ј. (40), З.С. (44), А.А. (39) и З.С. (41), сите од Куманово, се обиделе да влезат во ноќниот бар но не биле пуштени од страна на пријавените. По ова настанала вербална расправија, а потоа биле и физички нападнати од страна на пријавените кои  им нанеле телесни повреди на З.С. и В.Ј.