Македонија
7. July 2016 - 11:38

Крвава свадба во Тетово: Застрелани татко и син

Вчера во 17,30 часот од СВР-Тетово е добиено известување дека во 12,30 часот во село Горно Палчиште во семејната куќа сопственост на Х.М.(49) при семејна веселба од страна на непознато лице било пукано со огнено оружје најверојатно пиштол и при тоа во дворното место каде имало повеќе гости со повреди се здобиле Х.М. и неговиот син Ј.М. (24). 

Повредените лица се однесени во Клинички Центар Тетово за укажување на лекарска помош, по што се пуштени на домашно лекување, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.