Македонија
6. October 2017 - 13:34

Крвава расправија во Струга: Брат го избоде братот

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.Н. (28) од Струга, за сторено кривично дело “тешка телесна повреда при семејно насилство“ по чл. 131 став 2 од КЗ на РМ.

На 5. август во семејниот дом по нарушени семејни и нерасчистени имотно правни односи, дошла до вербална и физичка расправија помеѓу браќата О.Н. (31) и Т.Н., при што во еден момент Т.Н. со џебен патент нож му нанел повреди во пределот на стомакот на неговиот брат, по што избегал од местото на настанот, додека повредениот бил пренесен на хирушко одделение при Медицинскиот Центар во Струга каде му биле констатирани тешки телесни повреди.