Македонија
7. August 2016 - 14:55

Крвава расправија во Прилеп

Во Прилеп на ул.„Тризла“ на 5 август  околу 19 часот меѓу С.А. (46) и Е.Д. (29) додека консумирале алкохолни пијалоци дошло до меѓусебна расправија, во која С.А. се обидел физички да го нападне Е.Д. Тој заминал и по кратко време се вратил заедно со неговиот татко. Повторно започнале расправија и меѓусебна турканица, по што Е.Д. паднал на земја, а С.А. почнал да го удира.

Е.Д.  извадил нож и го прободел С.А. неколку пати во пределот на грбот по што тој се завртел, му го одзел ножот од рака и му нанел убодни рани во пределот на градите и вратот. Тие биле разделени од страна на присутните граѓани. На лицата им била укажана лекарска помош во Градската болница-Прилеп и кај С.А. била констатирана телесна повреда, додека кај Е.Д. констатирани биле тешки телесни повреди и  бил задржан на понатамошно лекување.

Околу 23.30 часот С.А. бил приведен и задржан во Полициската станица-Прилеп и по целосно расветлување на случајот, против учесниците ќе бидат поднесени соодветни пријави.