Македонија
20. March 2016 - 11:09

Крвава расправија во Охрид - Со неколку удари со секира му нанел телесни повреди

Вчера околу 15:00 часот во семејната куќа на Е.М.(71), по претходна расправија помеѓу оштетениот и Е.М., во еден момент истиот со неколку удари со секира му нанел телесни повреди (расекотини во пределот на главата десната дланка и десната подколеница) на М.М.. Е.М. е пронајден и приведен во СВР-Охрид, а секирата со потврда за одземени предмети е одземена за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот