Македонија
25. March 2017 - 13:15

Крвава пресметка со секира во Брвеница, еден повреден

Вчера околу 17.40 часот во с.Брвеница, тетовско, во автоперална, со патничко моторно возило „Опел Астра“, дошле Д.Г. (51) и неговиот син Р.Г. (18) од с.Долно Седларце.

Истите почнале да упатуваат пцовки и навреди кон Л.Т. (38) од с.Долно Палчиште, а Р.Г. почнал да удира по неговиот мотор „Сузуки“.

Откако почнале да се туркаат Р.Г. фрлил секира кон Л.Т., која го удрила во пределот на десното рамо. Од страна на повеќе граѓани лицата биле разделени, по што Д.Г. и Р.Г. со возилото го напуштиле местото. На Л.Т. му била укажана лекарска помош во Медицински центар Тетово. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Во ПС Тетово бил извршен разговор со Д.Г. и Р.Г. и против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство“.