Македонија
24. April 2017 - 14:33

Крвава пресметка: Скопјанец го избодел со нож родениот брат

Скопјанец се здобил со три убодни рани од нож и фрактура на рака откако синоќа бил нападнат од неговиот брат во нивниот дом. Повредениот не е во животна опасност.

Според Министерството за внатрешни работи, синоќа во 22:42 часот од градска општа болница „8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето М.Ц. (35) од село Визбегово, Скопско, со три убодни рани од нож и фрактура на рака.

 Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.