Балкан
23. May 2017 - 11:02

Крвава пресметка на прослава: Матурант застрела матурант!

Вукашин Круниќ (18), матурант од никшиќката гимназија „Стојан Церовиќ“ е ранет околу полноќ пред Свадбениот салон во тој град кога дошло до пукање. Според неофицијалните информации, во него од пиштол пукал исто така матурантот од гимназијата, Стефан Перовиќ (19). Круниќ се здобил со прострелна рана во пределот под коленото, по што е префрлен во болницата во Никшиќ.

По повод крајот на школската година матурантите направија журка, а до инцидентот дошло откако се скарале па се степале две групи момчиња. За жал, последен збор имаше пиштолот.