-->
-->
Крвав инцидент во средното економско училиште во Гостивар
-->
На 09.10.2017 година околу 13:10 часот во Гостивар во дворот на Средно економско училиште, дошло до меѓусебна тепачка помеѓу две групи ученици од гимназијата, економското, индустриското и медицинското училиште, како и други засега непознати лица кои не се ученици.
При тепачката биле користени тврди и остри предмети со кои им биле нанесени повреди на 17- годишно лице, кој се здобил со убодна рана во пределот на левата страна на градниот кош и уште едно 16- годишно лице кој се здобил со убодна рана во горниот дел на грбот. Двајцата од с.Врапчиште-Гостивар и тие се пренесени во Ургентен Центар-Скопје.
Подоцна е добиено известување дека е повреден и С.А.(18) од с.Врапчиште, кој се здобил со расекотина на лево рамо, а по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Гостивар е пуштен на домашно лекување. Како сторител е посочено лице од с.Чегране, кој е во бегство и се трага по него.
За настанот е известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација